Идеално.Мк

Тенерифе – Канарски острови луксузен хотел 60 евра

Канарските острови, шпански архипелаг покрај обалата на северо-западна Африка, се едни од најатрактивните во Атлантскиот океан. Се состојат од 7 поголеми, два помали и неколку сосема мали островчиња. Прекрасната природа, вечното зеленило, преубавите пејзажи во комбинација со песочните плажи и пријатната клима ги прават Канарските острови атрактивна дестинација.

Климата на Тенерифе е топла во текот на целата година. Во зима најниските температури се 20 степени. Островот е поделен на сув и топол предел на југ и влажен и зелен на север. Во лето климата е пријатна. Го нарекуваат уште и островот на вечната пролет.

Денешната понуда е за оние кои преферираат луксуз. Цената е намалена за 50% и цената изнесува 60€ за хотел со 4* на островот Тенерифе, во близина на Пуерто де ла Круз. Хотелот е навистина фантастичен и во цената покрај собата со дупли кревет со поглед на океанот, се вклучени и доручек, дневен превоз до центарот на градот, користење на надворешни базени, фитнес и мини-голф. Повеќе за понудата ТУКА.

Во нашиот случај секако дека малку е потешко да се стигне до Канарските Острови од Македонија, но и за тоа има повеќе опции. Една опција која ви ја презентираме е со AirSerbia преку Белград, повратниот билет чини помалку од 300€, со тоа што на повратниот лет треба да се преспие во Дизелдорф. Секако дека преку лето можат да се најдат и други опции со чартер летови, за повеќе информации продолжете да го следите нашиот блог. Друга опција е со WizzAir од Будимпешта има директен лет за Тенерифе, а до таму може да ја искористите опцијата која ја презентиравме во претходните постови ТУКА.