Идеално.Мк

Визија

Наша примарна цел е тука на едно место да ви приближиме интересни опции за патување на најразлични локации и тоа по најповолни цени преку наши, но и ваши искуства. Затоа и целиот концепт, самата страна, е организирана како блог на кој се објавуваат поволни понуди за авионски летови, автобуски, железнички превоз, сместување но и други опции кој можат да ви се најдат при патување. Ние не продаваме билети и аранжмани, ние „продаваме“ визија за сите кои имаат желба за патување но не знаеле како да го остварат. Кога во понудите ќе го видите зборот „луксузен“ треба да знаете дека се нуди навистина луксузен хотел, бидејќи целта не е да се расфрламе со празни зборови туку да ве информираме, а вие треба само да ја изберете вашата идеална дестинација и да ги подготвите пасошите 🙂

Секако дека сакаме да ги слушнеме и вашите предлози, критики, пофалби, но и желби за патување кој ќе ги споделиме со нашите пријатели. Може да ја искористите Контакт формата за да ни испратите било каков коментар, или директно на email адреса info@idealno.mk. Дополнително ви претставуваме патувања кои сме ги оствариле ние или нашите пријатели, преку слики, импресии и предлози. Дополнително може да не следите на нашата Facebook страна Idealno.mk.

Одговорност

Ние ви даваме предлози и навремено ве информираме за најефтината понуда моментално, изборот е ваш. Организацијата и резервациите остануваат на вас, доколку има промена на цените, особено на ВизЕр се променливи, ние не преземаме одговорност и вие треба повторно да ги проверите цените. Сепак наша цел е да ве информираме најточно што може и искористете ги нашите натписи како предлози за патување.

Ви благодариме,

Од тимот на Идеално.мк