Основни факти за патувањето: Индонезија (Ломбок, Нуса Пенида и Бали)
Малку повеќе доцнам со постов, ама одговара совршено за тие што ќе се одлучат да одат во Индонезија периодов, па..
Период: 28.02-21.03.2017 (вон сезона се можни почести врнежи па препорачлива сезона е од Мај-Септември)
Цена на целото патување по човек: 1400€ (со севкупен превоз, храна, сместување и активности како нуркање, снорклинг итн.)
Јазик: англиски разбираат сите, индонезиски (фино е да знаете “Фала” да кажете или “Добар ден”, па линкчево може да послужи)
Валута: Индонезиски рупии (за размена подобро стоеше еврото, па немате потреба од размена во долари)
Виза: не треба (за помалку од 30 дена)
Не заборавајте: Да си купите картичка за интернет која чини до 10€ одма штом стигнете на аеродромот, пари во кеш до 400€ за почеток (има ATMs насекаде па можете со картичка подоцна поголеми суми да вадите поради провизија), отпечатени резервации и билети, пасош (иако препорачувам копија од пасошот да си носите со вас), осигурување и малку и лесна облека заедно со лесен raincoat поради привремени врнежи :Р
Вакцина: не е задолжителна (ние не ставивме иако доколку имате време и сте во можност добро е. Пазете се од мајмунчињата бидејќи голема е веројатноста да имаат руби, па при каснување ќе мора задолжително вакцинација)
Превоз: авион Скопје – Братислава (WizzAir), Братислава – Будимпешта со воз, Будимпешта – Дубаи – Куала Лумпур (Emirates) и од Куала Лумпур-Ломбок (AirAsia) па од аеродромот со shuttle bus/автобуски превоз не смее да фати повеќе од 6 евра во правец и е околу 40 минути, пазете се од локалните таксисти што стојат на аеродром, не ги гледајте директно во очи бидејќи и онака ќе започнат да ви наметнат да одите со нив, без да ги гледате љубезно кажете благодарам купивме веќе карти).Автобусчето не однесе од аеродромот на Ломбок до Senggigi до нашето прво сместување (кој вон сезона беше 6,7€ на ден). Во Senggigi доколку сакате одлично сместување препорачувам Sheraton Hotel кој се наоѓа на самата плажа и е баш за заљубени двојки кои сакаат луксуз (тогаш цената беше околу 80€ по вечер) Дополнување: Патот секогаш е најскап до азиските земји од кај нас па со сите авионски карти превозот (тогаш вон сезона во февруари) не чинеше околу 650€. (Скопје- Братислава повратна беше 60€, Братислава-Будимешта еднонасочна со воз чини 20€, Будимпешта-Куала Лумпур беше 470€ и Куала Лумпур-Ломбок беше 100€ повратна)
Градски превоз: Низ градот одевме цело време пешки освен до пооддалечените маала со скутер. Скутер на ден изнесува од 50.000-70.000 рупии (гледајте да се исценкате бидејќи огромна е разликата од првичната сума до последната и пробајте го пред да го изнајмите, задолжително кацига земете не само поради безбедност туку и бидејќи е задолжително) што од прилика е 3,4€ додека бензинот е значително поевтин и беше 0,7€ по 1l, а 4l беа доволни за +70km.
Дополнување: Земете си ја меѓународната дозвола со вас секогаш кога ќе возите бидејќи казните се поголеми. Не ви препорачувам да изнајмите кола бидејќи голема е веројатноста дека ќе заглавите. Но доколку користите такси, Uber или Grab одлично функционираат. За скутер задолжително навигација со вас бидејќи немаат соодветни знаци насекаде.
Безбедност: Сообраќајот беше густ и треба добро да знаете да се снајдете во гужва со скутер. Избегнувајте да се сместувате во евтините хотели и хостели бидејќи има доста кражби и пазете од каде разменувате пари, дури и во менувачниците знаеја да украдат ако добро не ги пазите.
Храна: Секое утро го почнувавме со јадење на палачинки од банана со овошје или јајце пржено со зеленчук, додека за ручек најтрадиционално беше да се јаде Наси Горенг кој се наоѓаше за добра цена по скоро сите маалски, локални местенца.
Мора да се проба: Палачинка од банана, Овошје секој ден! и тоа Dragon Fruit, авокадо, ананас, банана (имаат доста природен вкус и smoothies тука топло препорачувам!) Nasi Goreng (ориз со зеленчук и јајце), Bakmi Goreng (зачинети нудлс со зеленчук), риба од локални местенца, морска храна со зеленчук (Ммм!), Luwak кафе (најскапото кафе во светот а е од изметот на мачето лувак)
Корисни линкови од останати блогери:
Текстот е напишан според доживување на пријатели на страната и е објавен без поголеми измени. Со дозвола секако 🙂 Во продолжение следат наши дополнителни предлози за варијанти како да стигнете до таму.
Како да стигнете до Индонезија?
Како што е спомнато во текстот земјите на далечниот истокот се прилично евтини, но за нас најскапи се трошоците за авионски лет до таму. Од кај нас кон блискиот исток оперираат ниско буџетната Fly Dubai и полкусузните Qatar Airways. Но како дополнителни опции се летовите од главните градови на соседните земји кој можат да бидат поевтини, или некој аеродром кој е поврзан со евтин лет до Скопје или Охрид.
Дополнително авио компаниите од време на време објавуваат дисконт цени и специјални понуди. Моментално таква понуда од Катар Ервејс има за Чанг Маи во Тајланд, но нажалост важат само од Белград и Софија.
Сепак со доплата за дополнителен превоз до овие градови не е прескапо, цената за повратен лет е до 380€. Термините се следните:
Sofia – Chiang Mai: €372
14th-24th Dec
18th-28th Jan
25th Jan – 4th Feb
1st-11th Feb
8th-18th Feb
15th-25th Feb
22nd Feb – 4th Mar
Belgrade – Chiang Mai: €384
11th-21st Jan
14th-24th Jan
16th-26th Jan
18th-28th Jan
21st-31st Jan
23rd Jan – 2nd Feb
25th Jan – 4th Feb
28th Jan – 7th Feb
1st-11th Feb
4th-14th Feb
6th-16th Feb
8th-18th Feb
11th-21st Feb