Идеално.Мк

Промоции

Почитувани,

Маја Н. е добитник на ваучерите од оваа промоција. И посакуваме убаво патување.

Ви благодариме за покажаниот интерес и доверба во нашата визија. Ценејќи според вашиот интерес нашиот проект се покажа како усшешен. Имено почнуваќи активно со известување за сите ефтини достапни патувања од Македонија, од Март годинава, уште во првите две недели достигнавме до 2000 посети дневно. Ова е исклучително добро за услови во Македонија и се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи понатаму, а ние за возврат ќе продолжиме да ве информираме квалитетно. Затоа сакаме да ве наградиме со 2 ваучери по 10€ за возовите Frecciarossa на Trenitalia.

Во нашата прва наградна промоција доделуваме два ваучери по 10€ за еден наш фан за железнички превоз во Италија со Frecciarossa возовите на Trenitalia.

Frecciarossa connections Italy

Доживејте ја возбудата да се возите со 300km/h

Железничкиот сообраќај во Италија е навистина на високо ниво и Frecciarossa возовите се како да се излезени од Sci-Fi филмовите. Покрај тоа што навистина брзо ќе стигнете до вашата дестинација, самото возење со брзини до 300km/h е доживување само за себе. Ваучерите кои ги подарување важат за било која релација во Италија со воз од типот Frecciarossa (не важи за возовите од пониска класа). Исто услов е цената на возниот билет да биде барем 20€. Како што ве информиравме во претходното наше известување за ефтино патување во Северна Италија, доколку резервирате возен билет навремено (околку месец до два однапред) може да најдете навистина ефтина варијанта.

Правила

  1. Станете наш фан, притиснете Like на нашата Facebook страна Идеално.мк (ако веќе не сте. Ако сте тогаш важат само точка 2. и 3.)
  2. Искоментирајте или тагирајте пријател со кого заедно би ги искористиле ваучерите
  3. Направете Share на објавата/постот на Facebook

Услови

  1. Играта трае до 26/03/2017, извлекувањето ќе биде направено по случаен избор користеќи надворешна алатка која гарантира непристрасно извлекување. (http://commentpicker.com/)
  2. После извлекувањето ќе ги провериме дали се исполнети правилата за учество за избраниот фан, ако не се извлекувањето ќе се повтори
  3. Ваучерите треба да се искористат до 1ви Октомври и истите не ги заменуваме во парична вредност. Вие самите доколку сакате може да ги продатдете или подарите.
  4. Согласни сте вашето име да биде објавено на нашата страна како регуларно известување за добитник
  5. Во случај на технички проблем при организациија, го задржуваме правото за преорганизација или нов формат на доделување на наградата.
  6. Доколку извлечениот коментар на некој член од тимот на Идеално.мк, тогаш извлекувањето ќе се повтори.

 

Очекувајте наскоро наши предлози за патување и искористување на ваучерите, но и уште вакви промоции наменете за нашите фанови и читатели.