Обновено: Денес, 15 Март, WizzAir повторно нуди 20% попуст па ова е идеална шанса да ја искористите истата понуда која ви ја претставивме и претходно, но сега во месец Мај. Овој пат дури имате и повеќе поефтини опции, па ќе ви ги претставиме најефтините правци а вие сами може да ја направите вашата идеална комбинација. Може да ги искористите двете табели најдолу на овој пост каде што се поделени летовите од Скопје и од Италија до Скопје. Нашата идеална комбинација која ја избравме е од 14/05 Скопје – Бергамо за 1035 ден. + 22/05 Венеција – Скопје за 915 денари, или повратна карта од скоро 2000 денари 🙂 Табелите со возовите не се ажурирани, односно се од претходната објава, но важат истите правила. Ако навреме резервирате може за 10€ да ги возите подолгите релации.
Посетата минимално ги вклучува Бергамо, Милано, Венеција и Тревизо, во зависно ст од вашите желби Идеално.мк може да ви препорача уште неколку интересни дестинации. На вас оставаме да изберете сместување по ваша желба. Ево и неколку препораки за Венеција ТУКА.
(табелата е со датуми од претходниот пост, но цените важат и со нови датуми ако резервирате навреме)
Скопје – Бергамо (Милано) – авион | 29/03/2017 | 869ден. (во WizzClub) |
шатл автобус од аеродром до Милано | 29/03/2017 | 5€ |
Милано-Венеција – воз | 01/04/2017 | 10€ |
Венеција-Тревизо – воз | 03/04/2017 | 3.4€ ~5€ до аеродр. |
Тревизо – Скопје – авион | 29/03/2017 | 1169ден. (во WizzClub) |
Вкупно: | 3250 ден. ~55€ |
Сигурно веќе знаете дека цените на ВизЕр се менуваат колку подолго чекате, но тука исто важно е да се напомене дека евтините карти за воз се распродаваат и до месец однапред на подолгите релации (со тоа цената за воз се зголемува неколкупати доколку чекате последен момент), односно за да ја добиете цената од 10€ од Милано за Венеција треба да букирате побрзо. Останатите цени и цените за кратките релации со воз не се менуваат. Картите за воз можат да се резевираат на страната на ТренИталиа. Уште една напомена е дека не мора да брзате со резервирање сместување, некогаш може да начекате специјална понуда со попуст подоцна, и обично цените за сместувањето не поскапуваат.
До Скопје јасно 🙂 После пристигнувањето во Бергамо на аеродром ве чекаат повеќе шатл автобуси кои возат до Милано за 5€, патувањето трае околку 1 час, пристигнувате во центарот на главната автобуска станица (во близина е и железничката станица).
За поефтина карта за авион за враќање, но и за повеќе авантура патувањето го завршувате со лет од Тревизо (Венеција), затоа во нашиот пример имате воз до Венеција на 1 Април (not a joke :), секако дека по ваша желба можете да изберете други датуми. Од Венеција до Тревизо има чести возови со цена до 3.5€, патувањето трае помалку од 30 минути, а од главната железничка станица има автобуски градски превоз со цена до 2€.
Иако помалку атрактивни, наша препорака е да потрошите малку време за Бергамо и Тревизо. Особено Бергамо плени со неговата убавина и навистина вреди да се посети, додека за Тревизо би рекле дека ви се доволно неколку саати дента пред летот.
Ако сте за уште повеќе авантура, дефинитивно наша најголема препорака е Торино. Торино иако ретко се среќава во туристичките препораки, е прекрасен град и по наше мислење вреди да се потроши повеќе време од Милано и Венеција. Далеку од нашите стереотипи дека е индустриски град и нема што да се гледа, Торино бил првиот главен град на обединета Италија и има многу да понуди. Кралската палата (целата украсена со злато), Египетски музеј (втор после Каиро по број и вредност на експонати во светот), Филмскиот музеј, преубавите плоштади, реката По се само дел од убавините кој ќе ве привлечат секогаш да се вратите уште еднаш. Превозот со воз од Милано до Торино чини околку 13€ во еден правец (со рана резервација може да се најде и за 7€).
Други дестинации кои ви се лесно достапни од Милано и навистина вредат да се посетат се Фиренца, Чинкве тере, Џенова, Пиза, и за поголеми авантуристи Рим и Наполи, но за нив во друга прилика. Вие резервирајте лет кој ви одговара, следете не, а ние наскоро ќе ви претставиме и друга одлична тура користејќи ги истите летови. Bon Voyage!
Скопје – Венеција 05/05/2017 | ~1600 ден. |
08/05/2017 | 1315 ден. |
12/05/2017 | 1315 ден. |
15/05/2017 | 1315 ден. |
22/05/2017 | 915 ден. |
26/05/2017 | 800ден. |
29/05/2017 | 675 ден |
Скопје – Бергамо 03/05/2017 | 1315 ден. |
14/05/2017 | 1035 ден. |
17/05/2017 | 1315 ден. |
21/05/2017 | 1600 ден. |
31/05/2017 | 1315 ден. |
Долу следи табелата за повратните летови (може да отворите во два таба и да ја најдете комбинацијата која ви одговара):
Венеција-Скопје 05/05/2017 | 675 ден. |
08/05/2017 | 580 ден. |
12/05/2017 | 580 ден. |
15/05/2017 | 580 ден. |
19/05/2017 | 675 ден. |
22/05/2017 | 915 ден. |
26/05/2017 | 1035 ден. |
29/05/2017 | 1315 ден |
02/06/2017 | 800 ден. |
05/06/2017 | 1035 ден. |
09/06/2017 | 1035 ден. |
Бергамо – Скопје 03/05/2017 | 1035 ден. |
07/05/2017 | 1600 ден. |
10/05/2017 | 580 ден. |
14/05/2017 | 1315 ден. |
17/05/2017 | 800 ден. |
21/05/2017 | 800 ден. |
24/05/2017 | 1600 ден. |
31/05/2017 | 1315 ден. |
04/06/2017 | 1315 ден. |
07/06/2017 | 1035 ден. |