Повторно ви претставуваме интересна и ефтина комбинација, идеална за луѓе со авантуристички дух. Нашата авантура започнува во Братислава и Словачка, и завршува со враќање од Виена по Дунав со брод.
Братислава отсекогаш бил просперитетен град, и од секогаш ја користел својата стратешка позиција на Дунав и на раскрсниците на важни европски трговски патишта. Во средновековниот период и подоцна во текот на 18 век, бил значаен економски центар, а подоцна, културен и политички центар на Централна Европа. Благодарение на неговата локација во 16-от век, Братислава станал главен град и град на крунисувањето на Унгарското кралство, место каде што се чуваат круната и многу накит. Бил центар на оваа престолнина. За Братислава велат дека е еден од најпотценетите главни градови во Европа, повеќе инфромации зошто треба да ја посетите ТУКА.
Следна дестинација е Брно во Чешка. Зошто Брно, а не Прага? Па затоа што Брно е прекрасен град, а вие сте посебни и навистина вред да го посетите овој град. Секако доколку сакате може во тек на истото патување да ја посетите и прекрасната Прага, или да ја оставите за некоја наредна авантура. Повеќе информации за градот ТУКА.
Последна дестинација од нашата авантура е главниот град на Австрија. Виена е културна и историска Мека на Европа која има многу палати, музеи и други архитектонски занимливости. На листата на најпосетени места во градот кои мора да ги посети секој светски патник се токму следните локации. Виена е прочуена како град на музиката. Во Виена се наоѓа една од најдобрите концертни сали во светот, која има одлични акустички карактеристики. Цела плејада славни композитори, вклучувајќи ги: Моцарт, Бетовен, Штраус, Шуберт и Брамс; живееле и ги изведувале своите ремек-дела во Виена. За Виена можеби и не треба повеќе претставување, но ТУКА можете да најдете повеќе корисни информации.
WizzAir има директни летови од Скопје до Братислава, нашиот предлог е за датумите за појдовниот лет од 9ти Јуни и враќање на 16ти Јуни. Цената на авионските билети во двата правци заедно е 1830 денари (во WizzAir клуб).
Возови од Братислава до Брно и Прага има често, доколку сакате може да користите и автобуски превоз, цената на возниот билет е околку 7.5€, патувањето трае околку 1 час и 40 минути. За резервација и информации ТУКА.
Возниот билет од Брно до Виена од прилика се движи од 10-13€, патувањето трае 1 час и 25 минути. За резервација и повеќе информации може да погледате ТУКА.
Од Виена до Братислава патувањето трае нешто повеќе од 1 час, цената е околу 15€. Но ние ви предлагаме малку поинаква опција. Како идеален завршеток на нашата авантура, предлагаме да земите фери низводно Дунав до Братислава. Оперираат две компании (TwinCityLiner и Lod) и цените се околу 20€ во еден правец (30€ повратна) и патувањето трае околку час и половина. Одлична можност да уживате во убавината на Дунав.
Од нашиот тим веќе организиравме слична тура, од 31ви Март до 3ти Април, па очекувајте да споделиме со вас импресии, инструкции, препораки и трикови што да постетите.
УЖИВАЈТЕ !!!
Pingback: Евтини патувања за 1ви и 24ти Мај - Идеално.Мк