Идеално.Мк

Амалфи синиот рај на Азурната обала

Брегот Амалфи е сместен јужно од Наполи во заливот Салерно во Тиренското Море. Се вели дека кој ќе го посети ова магично место сигурно ќе се врати повторно заради прекрасниот спој на спокојство, убавина историја и гламур. Дополнително во летните месеци има многу локални настани, вклучително прослави на патрони на градовите. Ова волшебно место во Италија, исполнето со мали градчиња изградени на висовите и опкружени со синото море, е преполно со антички пештери и извртени патеки кој водат до стари градини со маслинки, лимони и портокали.

Во 50 км колку што е долг брегот на Амалфи, распоредени се повеќе атрактивни локации како што се Амалфи, Постјиано и Равело. Иако не толку познати, исто атрактивни за да ја дополните посетата од соништата се и Прајано, Четара и Скала.

Прво правило при посета на Амалфи е дека обично сакате да сте сместени на друго место во близина, како Наполи, бидејќи во сите градчиња тука местата се ограничени и се прескапи. Нашата авантура ја започнуваме од Соренто, каде што може да стигнете од Наполи со возовите на железницата околку Везув, неречена буквално така Circumvesuviana, наменета токму за да ги поврзе сите малки места околку. Кога ќе стигнете од тука од јавен превоз единствено е достапен автобус, но за да уживате целосно најдобро е да изнајмите RentACar. Тука бидејќи ова е скоро единствен превоз има многу вакви компании кој најчесто издаваат возила кои можат да се земат на едно место, а да се вратат на другo место.

СОРЕНТО

Соренто е град на спротивната страна од заливот наспроти Наполи. Ова е одлична точка за почеток на посетата на Сорентинскиот полустров патувајќи по кривите патишта на брегот на Амалфи над Тиренското море. Дополнително, недалеку од брегот се наоѓа и островот Капри, кој со своите 17км обала, е една од најпопуларните туристички локации во Италија и во светот.

Соренто Италија

ПОСТИЈАНО

Куќите во ова мало градче се распоредени вертикално по карпата на која е семстено. По тесните патеки украсени со смоквини дрва, ќе најдете мали рибарски куќички претворени во луксузни мали замоци или хотели. Зад малото шеталиште ќе наидете на црквата Санта Марија Асунта, која е изградена во 11 век. Недалеку од тука има пешачка зона каде што ќе ги најдете најдобрите ресторани. Прошетката тука е незаборавна, особено на зајдисонце, и секако не пропуштајте да ги вкусите специјалитетите од морска храна и ризото. Дека ова место е посебно докажува фактот дека тука и уживале филмските ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Роберто Роселини и Ингрид Бергман. Постијано располага и со мала плажа каде што ќе го изгубите здивот од воодушевување кога ќе погледнете нагоре. плажа на брегот Амалфи во Постијано

АМАЛФИ

Според легендата, грчкиот јунак Херкулес се вљубил во нимфа наречена Амалфи. После нејзината смрт избрал да ја закопа на најубавото место на земјата, па ја закопал тука. Историски овој град бил најбогатиот на југот на Италија. Катералата во градот со доминантни бела, сива и златна боја била изградена во деветти век. Тргнуваќи од главниот плоштад на Амалфи и плоѓтадот Флавио Џоја, вообичаената маршута ќе ве одведе преку градот до морето. Ценарот има пешачка зона исполнета со продавници, барови и ресторани. Луѓето кои шетаат тука навистина се убаво облечени и ова е правото место каде што може да ја видите последната мода.

Амалфи

РАВЕЛО

Равело е дена од најпопуларните дестинации на брегот Амалфи. Лоциран на врвот на карпа на висна од 350 метри над морското ниво располага со спектакуларен панорамски поглед на целиот брег. Катедралата посветена на Св. Панталеимон, изградена во 11ти век, се вбројува во најважните историски споменици во цела Италија. Задолжително треба да ја посетите вилата Цимброне со прекрасни градини и терасата наречена Terrazo dell’ Infinito, каде што ќе уживате во прекрасниот поглед кон хоризонтот.

Равело, на брегот Амалфи

САЛЕРНО

Во споредба со малите градчиња на брегот Амалфи, Салерно може да изгледа како досаден голем град.. Сепак плени со неговите шарм и индивидуалност, особено во раздвижениот центар centro storico. Тука средновековните цркви делат простор со локалните таверни, неонски осветлени вински барови и модерни салони за тетоважа.

Салерно, Италија

Landscape of the city of Salerno in Italy

Тука завршува нашето незаборавно патување и од Салерно може да земете воз до Наполи откако ќе ја вратите изнајмената кола. Моментално од Македонија најефтина понуда за авионски летови има Wizz Air до Рим, или ако сте расположени за подолга авантура од Милано и Венеција. За патување помеѓу големите градови со возовите на Трениталија може да земете многу ефтини карти од 10€ или 20€ доколку резервирате месец или два однапред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *