Градот Истанбул е една од најголемите туристички атракции и предизвик за голем број светски туристи. Мост меѓу стариот континент Европа и егзотичната Азија, место каде што на еден простор се спојуваат повеќе култури – европската и ориенталната.
Истанбул е и важна сообраќајна крстосница на којашто се испреплетуваат истокот и западот. Она што ќе го воодушеви секој патник пред да слета на оваа аеродромска писта е волшепството на градот што се гледа од височините, дух и традиција кои нема да ве остават рамнодушни. Градот гордо е распространет на морското крајбрежје на Мраморот и со бројните бротчиња е навистина прекрасна глетка од височините.
Историјата на денешниот град се однесува на градот кој бил основен од страна на старите грчки племиња, кој град би наречен Византион, преку префрлувањето на престолнината на Римската империја од страна на Константин I Велики од Рим во т.н. Нов Рим, кој град подоцна станал престолнина најпрвин на Византија (Константинопол) и Османлиската империја (како Цариград, Стамбол и слично), пред оваа империја да се распадне и градот под денешното име Истанбул биде вклучен во составот на Република Турција. Историјата и духот се чувствуваат во самиот воздух додека сте тука. А луѓето ако им кажете дека сте од Македонија ќе ве пречекаат со дополнителна радост.
Супер понуда на Туркиш Ерлајнс за Истанбул
Туркиш Ерлајнс е меѓу најпрестижните светски авио компании кои летаат од Македонија. Како компанија се познати по конфортот и квалитетот на услуга во кои ги нудат додека летате. Со ограничена супер понуда, може да го посетите Истанбул за супер цена за повратен лет од 110€. Понудата важи доколку резервирате до 31ви Октомври за лет од 1ви Ноември 2017 година до 31ви Март 2018 година. Навистина одлична понуда која вреди да ја искористите да го посетите овој прекрасен град.
За дополнителни информации кликнете на линкот ТУКА. Следете не на нашата Facebook страна за да не пропуштите други слични понуди.