Ова некогашно мало рибарско село во средината на 19 век прерасна во трговски центар и многу важно трензитно пристаниште помеѓу Блискиот и Далечниот исток. Денес овој град во арапскиот свет е познат како „град на трговци“.
Дубаи е трговски и деловен центар на Блискиот исток, но и една од најатрактивните туристички дестинации на светот. Тоа е вистинското место за сите оние кои сакаат активен одмор во текот на целиот ден. Застапени се сите спортови од тенис, голф, коњички спортови. Она по што овој град е навистина познат и што е вистинска атракција е купувањето.
FlyDubai на нивната веб страна најавува попуст до 50% на летови од и до Скопје ако букирате до 12 Март лет за било кој датум до 12 Март 2018. Според најавите на нивната страна можат да се најдат повратни летови дури до 212€, ние најдовме добра комбинација за 282€ 🙂 Летот до Дубаи е директен и трае 5 часа, во цената се вклучени нечекиран багаж до 7кг, чекиран багаж до 23кг и ручек.
Повеќе информации на страната на FlyDubai ТУКА.
Секако ова важи ако не ви пречат високите температури до 38С.