Идеално.Мк

Идеални зимски градови во Европа

Ако сте љубопитни за тоа каде да патувате кога долгите ноќи и ладните денови ќе започнат, а Европските градови се покриени со снежна обвивка погледнете ја нашата листа на најубави зимски градови.

 

Рејкавик, Исланд

 

Под волшебните бои на Поларната Светлина и непрестајната темнина на долгата зимска ноќ на Исланд, Рејкавик цвета од декември до марк со бајковити светла и свечености. Секако Новогодишната Ноќ е вистински победник, кога огномети ги осветлуваат вулканските врвови околку градот. Познатиот Фестивал на Зимските Светла во Фебруари нуди одлични културни настани и претстави. Но има и по авантуристички атракции како геотермалните базени на Сината Лагуна, или скијачките терени на Блафјол и Скалафел.

Сина лагуна Исланд, Рејкавик

Виена, Австрија меѓу најубавите зимски градови

 

Веројатно не постои подобар град во Европа за да ги одгатнувате овие зимски денови и ноќи од Виена. Славниот центар на Хабсбуршката империја, каде неокласичните ги тријат рамениците зачадените артистични кафе барови и австриски пивници. Точно на почеток на новата година се одржуваат многу познати настани како Балот на Виенската филхармонија и Новогодишниот концерт. Декемвриските денови ги носат Божиќниот Саем во Ратхаус и Божиќниот пазар во Шпителберг, ароматичните ал фреско вина во Шенбурн во комбинација со познатата шницла. И штом веќе сте во градот зошто да не се упатите на запад кон скијачките терени во Салзбург на северните Алпи?

божиќен пазар во Виена

 

Гранада, Шпанија

 

Сончевата Андалузија можеби не изгледа како највозбудлива дестинација за зимски одмор, но сликата на совршен град, Гранада останува преку целата година. За почеток сместен е уредно во подножјето на величенствените планини Сиера Невада, каде се наоѓаат најоддалечените скијачки терени на контитентот на падините на Пико дел Валета. Градот заштитен од УНЕСКО е преплавен со знаменитоски како ридот Алхамбра, каде комплексот арапски палати во зима е уште поимпозантен.

Алхамбра Гранада Андалузија

Единбург, Шкотска

 

Кога станува збор за Единбург на зима, може да станува збор за еден настан, Хогманај. Еден од најголемите и најпознатите улични фестивали, концерти со висок профил, хедонистична ерупција на огномет и пиротехника која одзема здив. Светски познат, се проценува дека го посетиле 400,000 луѓе во 1996 година, со што Единбург влезе во Гинисовата Книга на Рекорди. Исто така во близина се наоѓаат ски терени на шкотските висорамнини и Националниот Парк Каирнгорм.

Единбург Шкотска

Краков, Полска

 

Од моментот кога ќе падне првиот снег во Краков, епитетот „зимско чудо“ станува севкупен. Одекнувајќи низ градот помеѓу замрзнатите гранки на Планти паркот, се слушаат камбаните на црквите кои се протегаат низ магливите улици на Старе Миасто (Стар Град). Но зимскиот шарм на Краков го надополнуваат занаетчиските пазари, сеприсутните божиќни дрва и замрзнати ридови.

зимски градови Краков Полска