Идеално.Мк

Најпрестижните маратонски трки во Европа

Еден од најголемите и најпопуларни настани на секоја Олимпијада или настан во кој се вклучуваат илјадници обични луѓе, Маратон претставува доживување само за себе. Секој кој учествувал ќе ви каже дека целта не е лесна, но кога ќе „влезе бубачката“ нема враќање. Голем број европски градови годишно огранизираат по еден ваков настан отворен за сите ентузијасти. Во продолжение ви ја претставуваме листата на најпопуларни маратонски трки во Европа.

 

Рок ен Рол маратон во Лисабон

 

Брз, рамен и со одлични пејзажи, Лисабонскиот Рок ен Рол маратон е навистина интересен. Попат не само што ќе ви помогне публиката собрана да навива, туку и жива музика по целата патека. Лисабон сеуште е топол во Октомври, па ран старт во 8.30 наутро значи дека можеби ќе го избегнете пладневното сонце. Трката започнува во Каскаис, прекрасно мало градче во близина на Лисабон, кое навистина вреди да го посетите ден два пред трката. Трката продолжува по познатата Португалска ривиера на брегот на Атлански Океан и покрај реката Тахо, поминувајќи покрај повеќе места заштитени како Светско наследство. Крајот на трката е во центарот на Лисабон.

Рок ен Рол маратон Лисабон

Рим

 

Ова е трка низ Римската историја, толку прекрасна што можеби ќе заборавите на болката во зглобовите и заморот. Почетокот на трката е пред славниот Колосеум. Продолжува покрај реката Тибар преку мостовите, поминувајќи покрај значајни обележја кој го прават Рим нај посетен град на светот. Епска трка, па можеби ќе се чувствувате како антички Гладијатор (без борба до смрт секако :)) „Цената“ која ќе ја платите е дека трката во голем дел се одвива на калдрма и нерамна површина кој можат да бидат опасни за вашите зглобови. Секако италијанската храна во деновите на подготовка ќе надополни за се останато.

Римски маратон

 

Лондон

 

Вториот најголем маратон во светот, дел од светката серија, во Април 2016та го обележа милионитиот тркач кој ја завршил трката. Екстремно популарен помеѓу тркачит дотолку што тешко е да се регистрирате, не па да го истрчате. Но ако се најдете таму, трката ќе ве одведе покрај најпознатите знаменитости на Лондон, Биг Бен, Домот на парламентот, Тауер Бриџ, Шарадата, Лондонското Око, Бакингамската палата и многу други. Фамата околку маратонот е исто голема, целата рута е преполна со гледачи кои ги бодрат тркачите (не заборавајте да ставите име на дресот, па ќе добиете лична подршка).

Лондонски маратон

 

Монт Сент Мајкал маратон

 

Со 6000 тркачи овој маратон е од најмал во листата, со релативно мал круг. Ова магичен мал маратон во води низ преубавите француски села во Нормандија. Почнуваќи од Канкале, преку нормандискиот брег па до замокот Монт Сент Мајкал, глетки кој нема да ве остават рамнодушни. Трчајќи покрај морето како нешто во воздухот и морскиот мирис да ве освежуваат и да ви помагаат да ја завршите трката.

 

Берлин

 

Задржете го темпото со еден од најбрзите, најголемите и најдобро организираните маратони (дел од светската лига Marathon Majors). Во еден од нај кул градовите во Европа, Берлинскиот маратон годишно привлекува 40.000 тркачи и преку милион гледачи. Трката се простира помеѓу најпознатите знаменитости Рајстагот, Берлинер Дом, Постдамер Плац и секако Брандебуршката Порта. Ова е рутата од маратонот во 1990та година, првата трка после паѓањето на Берлинскиот Ѕид.
Ако сакате да рушите ваш персонален рекорд, ова е правото место. Пет од десет најбрзи маратони истрчани било кога се баш тука во Берлин.

првиот маратон во Берлин 1990

 

Атина и Маратонското поле

 

Тука се започна, секако ниедна листа не би била потполна без Атинскиот маратон. Инспирацијата доаѓа од грчката митологија, кога Федипидес истрчал од Маратон до Атина со вести за победата на Атињаните над Персијците во Маратонската битка. После ова тој умира, па во негова чест сите маратонски трки се организираат во иста должина од 42,195км.
Немојте оваа приказна да ве заплашува тој немал многу од тоа што имаме денес за рехидратација, заштита и опрема 🙂 Може да ги проследите неговите стапки на Атинскиот Автентичен Маратон покрај 13.000 други тркачи.

Атинскиот автентичен маратон