Идеално.Мк

Идеално лето во Малта

Мала островска држава, Медитеранскиот шарм ќе ги опие вашите сетила уште од првиот миг во Малта. Преубавите плажи на Медитеранот се идеални за летен одмор. Тука мештаните сеуште се карактеризираат со традиционален дух, од каде произлегува и нивното прочуено гостопримство. Одгледани и растени во витешки манири, секогаш љубено ќе Ве пречекаат и со задоволство ќе Ви препорачаат најдобра плажа, највкусен оброк и најлуда забава.

Малта сина лагуна
Валета е главниот град, кој во себе крие цела Крстоносна историја, грандиозни палати, цркви и прекрасни градби кои ќе Ве исполнат со спокој.
Слима е познато туристичко градче кое изобилува со трговски центри, продавници, ресторани и голем избор на сместувачки капацитети. Место од кое ги поврзува главниот град и Ст Џулианс, поради што е најчест избор на посетителите.

селце во Малта
Сент Џулијанс е најмонденското место на островот. Тука се спојуваат старата архитектура со новите луксузни хотели и градат еден магичен спој на убавина. Брегот е карпест но одлучно уреден и достапен за многу активности. Ст. Џулианс е центар на ноќната забава. Во големиот број дискотеки, ноќни клубови и барови за сечиј вкус, ќе запознаете туристи од сите краеви во светот.

ноќен живот во Малта

Најефтино авионски летово до Малта

Како што објавивме претходно ТУКА, Wizz Air воведе директен лет од Скопје до Малта. Во продолжение ви ги претставуваме најевтините термини за повратни летови во летниот период. Центие стандардно ви ги претставуваме со Wizz Club Discount.

Вкупна Цена Дестинација Датуми Појдовна Цена Дојдовна цена
2038.00 Skopje-Malta-Skopje 15/09/2017 до 22/09/2017 869.00 1169.00
2638.00 Skopje-Malta-Skopje 18/09/2017 до 22/09/2017 1469.00 1169.00
2938.00 Skopje-Malta-Skopje 14/08/2017 до 21/08/2017 1169.00 1769.00
2938.00 Skopje-Malta-Skopje 18/08/2017 до 21/08/2017 1169.00 1769.00
2938.00 Skopje-Malta-Skopje 15/09/2017 до 18/09/2017 869.00 2069.00

Како и секогаш со Wizz Air местата по наведената цена се ограничени, па затоа побрзајте. Одлична можност доколку сеуште не знаете каде ќе го поминете летниот одмор. Уживајте во вашиот идеален одмор на ова прекрасно место.

 

Најевтино во 2018та ако резервирате денес

 

Ако резервирате денес, 14 Декември, ви ги претставуваме најевтините пролетни датуми во 2018та година:

 

Вкупна Цена Дестинација Датуми Појдовна Цена Дојдовна цена
1268.00 Skopje-Malta-Skopje 02/03/2018 до 09/03/2018 669.00 599.00
2338.00 Skopje-Malta-Skopje 04/04/2018 до 11/04/2018 1469.00 869.00
1268.00 Skopje-Malta-Skopje 09/03/2018 до 16/03/2018 599.00 669.00
2368.00 Skopje-Malta-Skopje 23/03/2018 до 25/03/2018 1769.00 599.00
2438.00 Skopje-Malta-Skopje 11/04/2018 до 15/04/2018 669.00 1769.00

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *