Кога станува збор за неверојатни дестинации сите знаеме дека Европа изобилува со избор. Покрај главните туристички центри многу убави места паѓаат „под радарот“ и ги пропуштаме. Ви претставуваме листа на 10 заборавени дестинации во Европа (со слики).
Швангој, Германија
Швангој не е дом на еден, туку два кралски Баварски замоци. И тоа од типот на кој Волт Дизни би бил горд на ваков замок од бајките. Всушност се верува дека познатото филмско лого е базирано на замокот Нојшванштајн, кој се издигнува високо во густата шума. Ова локација за посета секако достапна е од баварскиот најголем град, Минхен.
Свети Стефан, Црна Гора
Нема поживописно место на Јадранот од Свети Стефан, особено покрај малото островче на брегот на Црна Гора. Тука на островот распоредени се неколку убави хотели и е поврзан со копното преку тесна патека на познатата плажа.
Чешки Крумлов, Чешка Република
Можете да ја поминете целата „мини Прага“ за 20 миути, но ветуваме патувањето ќе трае многу подолго, восхитуваќи се на прекрасната архитектура. Чешки Крумлов е место на Светско Наследство на УНЕСКО и дом на замок кој гледа на надолу над реката Влтава и стариот градски плоштад.
Хвар, Хрватска
Популарен остров на Хрватското крајбрежје, сепак нуди уште поголем потенцијал кон Европските најпопуларни дестинации. Хвар има се, неверојатни плажи, добра храна, интересна архитектура… Згора на се хедонистички рај со особено атрактивен ноќен живот.
Колмар, Франција
Француската „мала Венеција“ е полна со тесни испревртени улици со наредени шарени средновековни куќи од дрво. Колмар најдобро се истражува пеш со музеи и галерии на секој агол. Дефинитивно заслужува да се најде во оваа наша листа на заборавени дестинации.
Мелиха, Малта
Златната плажа на северното крајбрежје на Малта го прави Мелиха вредно место за посета. Но исто тука ќе најдете и многу други атракции, меѓу кои и некој од најдобрите крајбрежни гребени во Европа и селото Попај, поранешен филмски сет претворен во идилично место за одмор на плажа.
Вадуз, Лихтенштајн
Главниот град на Лихтенптајн, Вадуз се наоѓа на реката Рајна во близина на Швајцарската граница. Овој необичен град датира од 12тиот век и најдобро се истражува со минијатурната градска железница. Најпозната знаменитост во градот е замокот Вадуз, официјалната резиденција на Принцот од Лихтенштајн.
Вернаца, Италија
За нас Италија претставува бескрајна ризница на преубави места за посета. Но Вернаца е место со можеби најубави крајбрежни текстури. Едно од петте села на познатото Чинкветере, место и доживување кое едвај чекаме да ви го пренесеме од прва рака.
Динант, Белгија
Избегајте од метежот и вревата на Брисел кон југ во Динант. Речен град кој ќе ви го одземе здивот со својата средновековна архитектура. Не пропуштајте ја црквата Нотердам од Динант, готска црква изградена во 13ти век со специфичен изглед.
Карвоиро, Португалија – последно од нашата листа заборавени дестинации
Понекогаш на одмор се што сакате да правите е да седите и да уживате во некој прекрасен поглед. На ивицата на Атлантикот, Карвоиро има да ви понуди многу вакви погледи. Со само два патишта кој водат до главниот плоштад, градот е многу попознат како место на рибарите отколку по својот ноќен живот. Исто така се наоѓа во близина на познатите пештери Бенагил, импресивни чуда на природата.