Идеално.Мк

Најдоброто пиво и неговите Европски престолнини

Ако сте од оние кои подлизуваат само кога ќе помислат на меурчињата кои се креваат низ златната чаша полна пиво продолжете да читате. Ние исто така го славиме постоењето на еден од најдобрите пијалаци на нашата убава планета, па ви подготвивме листа на најдобри дестинации за пивољубците, Вие само чекирајте 🙂

 

Даблин, Ирска – татковината на Гинис

 

Гравити бар Гинис музеј на пиво

Изгласана за број еден туристичка атракција во Европа, половина од странските гости кој доаѓаат во Даблин ја посетуваат Стовариштето на Гинис (The Guinness Storehouse). Посетата на оваа пивара не е само производствена лента, туку токму тука ќе го осетите вистинскиот дух на Даблин. Самата пивара го оформува Даблин и е неразделен дел од градот. Нема многу луѓе во градот кои нема да се облизнат на остриот мирис на печен хмељ кој се шири на улиците. Едноставно тоа е Даблин. Стовариштето на Гинис е уреден тематски музеј. Со нивните содржини одлично е доловена врската помеѓу Даблин и најизвезуваниот производ. Може дури и да учествувате во старомодна Гинис реклама, но секако најдобриот дел е што на крај на турата добивате бесплатна пинта Гинис во Гравити барот, која може да ја пиете додека го разгледувате градот.

 

Плзен, Чешка – бања во Пивска спа

 

бања со пиво

Одлична можност за оние кои се навистина натпреварувачки расположени… „Мислиш дека сакаш пиво повеќе од мене?? Брат, јас сум се капел во пиво!!“
Чешките пива се надалеку познати, но да во Плзен отишле и до таа крајност. Очигледно имало и нешто корисно од бањање во пиво, но нас не не интересира науката, едноставно уникатното доживување кое може да го доживеете само тука. Плзенската Пуркмистр Спа (The Pilsen Purkmistr Beer Spa) е правото место каде што може да го испробате ова искуство. Плзен е само на час возење од Прага, впрочем зборот за светло пиво кој се употребува секаде во светот за светло лагер пиво потекнува од името на овој град. Плзенскиот Уркел пивото (Pilsner Urquell) е најстаро светло пиво какво што го знаеме, со одличен карактеристичен горчлив вкус препознатлив за неговите љубители. Цената за бања од 20 минути и 20 минути туширање изнесува 25€. Во цената секако е вклучено и пиво кое може да го пиете во тек на бањата 🙂

 

Бремен, Германија – тура низ пиварата Бекс

 

Најголем дел од луѓето помислуваат на Баварија кога ќе се спомне Германско пиво и тоа е точно, Баварското пиво е навистина одлично. Сепак најизвезуваниот германско пиво всушност се прави во северниот град Бремен. Бремен не е само прекрасен мал град, туку е и домот на Бекс. Во оваа пивара ви се нуди двочасовна тура за 10.90€ со добро обучени водичи кои ви даваат информации за историјата на пиварата (на Германски или Англиски јазик). Кој е најдобриот дел од турата? Од Бекс се многу великодушни кога станува збор за дегустација, па ви препорачуваме попладневна тура за да може целосно да се препуштите на уживањето. Бидете сигурнио однапред да резервирате, а тоа може да го направите и на интернет.

 

Брисел, Белгија – Делириум Кафе

 

Делириум Кафе Брисел

Многу луѓе ќе ви кажат дека ако одите во Брисел мора да направите пивска тура, бидејќи има толку многу убави пива кој мора да ги пробате. Но од друга страна, зошто виде да одите до пивото кога може пивото да дојде кај вас 🙂 Во Кафето Делириум верувале или не може да нарачате 3000 врсти пива, од кој 2000 се Белгиски. Секако погодувате тие го држат светскиот Гинисов рекорд за пивско мени. MustDo аџилак за секој пивски ентузијаст, вашата листа не е комплетна доколку не го посетите ова место барем еднаш во животот. А уште поважно, тука се случуваат неверојатни забави, секогаш полно со луѓе ви гарантира одлична атмосфера. Ве молиме пратете ни некоја слика кога веќе ќе сте таму 🙂

 

Бамберг, Германија – чадено бамбершко пиво Шленкерла

 

чадено пиво Бамберг Шленкерла

Баварија е одговорна за производство на навистина добро пиво, има околку 200 независни пивари кој прават преку 1000 различни пива. Регион во светот со најмногу пивари по жител во светот. Но ако може да избирате само една, нека биде Шленерла. Овде се произведува вкусниот популарен ројхбир (rauchbier), или чадено пиво. Да добро прочитавте, чадено пиво, како сланина во чаша или како што се нарекува „течна сланина“. Пивото е одлично со карактеристичен вкус дури и во шише, но додека не го пробате директно од буре не е тоа најдоброто. Пиваријата се наоѓа на час возење од Нирбургшкиот аеродром, па сериозни пивопијци размислете 🙂

 

Амстердам, Холандија – Арендснест

 

Арендест пивски бар Амстердам

Репутацијата на амстердамското пиво е силна, градот кој му ги подари Амстел и Хајнекен на светот. Сепак тука се произведуваат многу повеќе видови пиво. Хајнекен Еспириенс (The Heineken Experience) дефинитивно е место вредно за посета, но неповторливо и вкусно искуство на Холадско пиво ќе доживеете во Арендснест собите за вкусување пиво (Arendsnest Beer Tasting Rooms). Тука служат околу 150 различни врсти пиво, сите направени во Холандија. Келнерите не се само услужни, туку и добро упатени за пијалаците кои ги служат, па слободно може да побарате совет за типот на пиво што сакате да го вкусите. За да го доживеете моментот комплетно изберете пиво по мерка, излезете покрај каналот и земете си сирење за мезе. Наздравје…

 

Минхен, Германија – Октоберфест

 

Октоберфест Минхен фестивал на пивото

Секако ниедна листа за пивски дестинации не е комплетна без Минхенскиот Октоберфест, иако Баварија е одлична за љубителите преку целата година. Нема начин да се нарекувате љубител на пиво а да не знаете за Октоберфест, а ние сепак ќе ви повториме. Двонеделен фестивал на пивото, кој го посетуваат 6 милиони луѓе и пијат литри одлично пиво, консумираат повеќе месо од препорачаното, популарниот Баварски вурст, и уживаат во одличната атмосфера. Најголемиот фестивал на пивото, сон на секој пивопијец, место кое мора барем еднаш да го посетите.

 

Вредно за спомнување, дел од нашиот тим имаше можност за посета на Скопска пивара на слична тура. Во просториите на пиварата уреден е мал музеј, а со кратка презентација ве водат вработени експерти вклучени во процесот на производство на пивото. Се надеваме дека во иднина нашата најдобра пивара ќе ја промовира уште повеќе оваа атракција и ќе се приближи уште повеќе до „големите европски браќа“. Најзначајно секако дека беше вкусувањето на младо пиво во Варилницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *