Идеално.Мк

Air Serbia за прв пат лет со целосно женски екипаж

Air Serbia за прв пат во својата историја оствари лет со целосно женски екипаж вклучувајќи ги пилотот и копилотот.

Air Serbia женски пилоти

Како што објави српскиот авио превозник, специјалнот лет JU314, полета од Белград за Париз со капетан Весна Алексиќ (пилот) и Прв Офицер Мирјана Стоилковиќ (копилот).

Air Serbia женски пилоти

Дел од овој историски лет беа и преубавите стујардеси на Air Serbia Мирјана Поповиќ, Силвија Мадиќ, Елена Љјубоевиќ и Тања Станковиќ. Со ова од авио компанијата докажуваат дека припадничките на понежниот пол се полноправен член на нивното семејство. Повеќе информации за летот и понудата на Air Serbia може да најдете на нивната страна ТУКА.

Претходно вакви летови со целосно женски екипаж имаат изведено и Air India и Egyptair специјално за интернационалниот ден на жената, 8ми Март. Интересно е што индискот превозник на женскиот екипаж му даде можност да летаат со еден од најголемите авиони Боинг 777.

Air Serbia меѓу најредовните авио превозници

Air Serbia на нашиот пазар се присутни со летови од Скопје до Белград и од таму до многу други дестинации во светот. Тие претставуваат едни од најредовните превозници кај нас. Од неодамна нудат и директни прекуокеански летови од Белград (за нас од Скопје преку Белград) до Њујорк. За оваа вест бевме меѓу првите што објавивме и во првиот месец имавте можност да го посетите Њујорк за неверојатни 179€. Продолжете да не следите ќе имате можност да бидете информирани за сите најповолни понуди од кај нас и во регионот кој ќе можете да ги искористите.