Идеално.Мк

Лондон повратен лет за 24€

Градот Лондон денес е комерцијален центар во кој доминираат згради и облакодери. Сепак Лондон долго време бил светски центар на распространетата Британска империја, па има многу значајни историски белези од римската ера кога бил изграден, па до денеска. Бакингамската палата каде што е престолот на кралицата, Куќата на парламентот во Вестминстер каде што ќе го видите Биг Бен, Трафалгар плоштадот каде што ќе ги видите извонредните архитектонски зданија, мостот Тауер Бриџ на Темза се само дел од местата што може да ги посетите. WizzAir нуди директни летови до Лондон на аеродромот Лутон од Охрид и од Скопје, а ние ви ги претставуваме најефтините варијанти во месец Мај. Цените важат за WizzAir клуб, кој важи за една година и обично се исплаќа при првиот лет.

Changing the guard at Buckingham palace

Од Охрид летовите се поефтини и најефтината чини 1469 денари за повратен лет:

Цена од Охрид Датум Цена од Лондон до Охрид
 869 ден.  05/05/2017  1169
 1169  08/05  599
 869  12/05  1169
1169  15/05  1019
 869  19/05 869
869  22/05  1519
 869  26/05  6769*
3669  02/06/2017  1019

Од Скопје до Лондон WizzAir има дури 5 лета неделнo во Вторник, Среда, Четврток, Сабота и Недела. Најефтините од Скопје се на 23/05 869 денари, 1019 денари на 11/05, 24/05 и 28/05. Најефтините повратни летови се 1169 денари на 16/05, 17/05. Останатие цени воглавно се под 2000 денари но бидејќи има многу летови нема да ви ги претставуваме посебно.

Tower bridge London

Најефтина понуда од Охрид и Скопје

 

Најефтина варијанта од Охрид е од 5ти до 8ми Мај и во двата правци чини 1468 денари, а од Скопје одлична е понудата за лет од 11ти Мај до 16ти или 17ти Мај и чини 2188 денари. За превоз од аеродромот Лутон до центарот на Лондон може да користите шатл автобуси кој поаѓаат на 15 минути и цените се движат од 8 до 10 фунти. Одлична можност да ја посетите Британската престолнина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *