Идеално.Мк

Повратен билет за Будимпешта за неверојатни 20 евра

Со уникатна атмосфера, светска музичка сцена како и одличен ноќен живот, Будимпешта е еден од омилените и најпосетени градови во Европа. Заради сценската архитектура уште е наречен и „Париз на Истокот“ и е член на УНЕСКО од 1987 година заради културното наследство и архитектонската важност на градбите по Брегот на Дунав, Будимскиот дворец и Андрашевата авенија. Повеќе информации за градот ТУКА.
За повеќе информации за сместување може да го погледните партнерскиот сајт StagKissBudapest.

Иако ефтината авио-компанија WizzAir не нуди летови за Будимпешта од Скопје, сепак во наша близина има директен лет од аеродромот во Приштина, кој од Скопје е оддалечен час и половина. Почнуваќи од половината на Мај па натаму, WizzAir нуди летово од 10€ (цената важи за WizzClub, регуларната цена е 19 евра од правец) во правец до Будимпешта. Летовите се во Понеделник и Петок, така што може да организирате идеална викенд варијанта.

Сепак организиран јавен превоз до самиот аеродром нема, затоа можеби најдобра варијанта е ако може да најдете некој да ве однесе со кола до самиот аеродром. Друга варијанта е од Скопје таксистите возат за 50€ до Приштина па да се договорите за истата цена до аеродром. Патувачи авантуристи се надеваме дека ова нема да ве спречи да уживате 🙂