Идеално.Мк

РК Вардар во фајналфор одиме да навиваме

Ракометниот клуб Вардар е пред историски успех за Македонскиот ракомет. Со самото тоа што избраниците на Раул Гонзалес се пласираа во фајнал фор-от стигнаа каде што ниеден македонски тим не бил претходно. Но од Вардар најавуваат не се предаваат, акцијата допрва следува и останува Вардарци да се натпреваруваат и да се издигнат во височината.

Вардар - Душебаев, Дибиров, Македа

Последната пресметка на европските великани во ракометот ќе се одржи во Ланекс Lanxess Arena во Келн на 3ти и 4ти Јуни. РК Вардар во првиот полуфинален натпревар ќе ги одмери силите со големата Барса и секако со исто така нашите херои Кире и Борко, за кој сега ќе навиваме да изгубат. Верните Комити како и секогаш до сега ќе ги бодрат нашите јунаци и сите ќе ги стискаме палците за највисок успех.

РК Вардар фајнал фор

Како до Келн да навиваме за Вардар

Секако нема кој не би сакал да присуствува и да го проследи овој историски спектакал. Ние ви предлагаме опција со WizzAir како да стигнете до Келн и да ги бодриме заедно Вардарци. Цените на WizzAir се менуваат како што се продаваат местата, па оваа цена ќе можат да ја добијат само најбрзите. На 1ви Јуни од Скопје до Келн цената е 1869 денари, додека за повраток ви препорачуваме за 8ми Јуни 2169 денари, со тоа што ќе имате неколку дена да го прошетате Келн и околината и секако време да го проследите и финалето 🙂

Од WizzAir дополнително најавуваат дека ќе направат специјална измена на летовите по овој повод и летот на 3ти Јуни од Скопје ќе биде од 6.30 часот наутро, па ќе може да го посетите Келн точно пред натпреварот. Дополнителни опции за повратен лет се и 6ти Јуни со цена од 4869 денари, или 3ти Јуни доколку го гледате само полуфиналниот натпревар и заминете веднаш после натпрварот. Цените за влезниците се движат од 75€ па нагоре, за повеќе информации погледнете ТУКА.

РК Вардар

Погледајте го нашиот претходен натпис ако ви се потребни уште неколку идеи како да го поминете времето во Келн ТУКА.

Напред Вардар, вие сте веќе наши херои, но сите навиваме да се вратите со трофејот дома!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *