Идеално.Мк

Романтичен викенд споредба од најскапо до најевтино

Сите сакаме да ги изненадиме нашите сакани, романтична вечера на егзотична дестинација можеби изгледа како логичен избор. Но колку ќе не чини тоа задоволство не секогаш може да предвидиме. Во едно од своите истражувања престижниот бизнис весник Економист прави интересна споредба на цените за услугите за романтичен викенд во светските центри. Споредбата вклучува такси превоз од и до аеродром, ноќевање во хотел од 4 или 5 ѕвезди со вклучен појадок. Исто вклучени се споредба на цени за романтична вечера која вклучува комплетен оброк во три дела со коктел, вино или друг пијалок и шише шампањ. Во продолжение погледајте го интересниот инфографик:

(цените се прегледуваат доколку поминете преку полињата на градовите, исто може да исклучите или да додадете услуги за споредба. Напомена: Инфографикот е од надворешен извор и најдобро може да се гледа на компјутер или таблет)

Евтино на Балканот

Од резултатите се гледа дека во центрите на Балканот релативно може да се помине евтино за разлика од скапите светски центри како Њујорк, Доха, Мадрид, Франкфурт и други. Што мислите каде припаѓа нашиот главен град Скопје? 🙂

Amalfi romantic dinner

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *