Идеално.Мк

WizzAir со 20% попуст на новите релации

Доколку резервирате лет од 7-8ми Април, WizzAir нуди попуст од 20% на новите релации. Од Скопје попустот важи за Рим-Италија, Малта и Ваксјо-Шведска. Ова е уште една одлична можност да ги посетите овие дестинации. Во продолжение ви предлагаме неколку термини кога цените се најефтини, па вие може да изберите да резервирате на страната на WizzAir за некој од предложените датуми. Цените кои ви ги претставуваме се со WizzAir Club, но и без членство се најефтини на истите датуми.

WizzDiscount April 2017

Рим Италија

За Рим најефтината варијанта за авионски повратен лет е од 27ми Октомври со враќање на 2 Ноември, цената на повратен лет со WizzClub изнесува 2070 денари. Идеална понуда за 6 ноќевања во Италија и од Рим лесно може да врзете посета на Фиренца или Наполи. Ние минатата година бевме во Италија во истиот термин и си поминавме одлично. Не чекајте и резервирајте го летот одма, другото ќе го организирате подоцна, а наскоро очекувајте наши предлози за кои места да ги посетите. Секако доколку овие термини не ви одговараат може да резервирате други датуми во Септември и Октомври по слични цени.

Малта

Најефтино во Малта може да стигнете и да се вратите во Ноември и Декември, но бидејќи е летна дестинација ние би ви ги предложиле следниве датуми:

од 24ти до 31 Јули – 4870 денари (1835+3050)

од 4ти до 11 Август – 4550 денари (1035+3515)

Ваксјо Шведска

Иако можеби на прв поглед помалку атрактивна од претходните дестинации, Шведска сепак е инересно место за посета. Ваксјо е мало интересно градче на југот на земјата, опкружено со повеќе мали езера. Цените до Октомври се исклучително скапи, но затоа во Октомври може да се најде цена од 1710 денари за датумите за лет од 23ти до 27ми.

Искористете ја оваа можност да резериврате поефтин лет, но доколку ја пропуштите не очајувајте и продолжете да не следите. WizzAir се познати по тоа што често понудите ги продолжуваат уште по неколку дена.