Со уникатна атмосфера, светска музичка сцена како и одличен ноќен живот, Будимпешта е еден од омилените и најпосетени градови во Европа. Заради сценската архитектура уште е наречен и „Париз на Истокот“ и е член на УНЕСКО од 1987 година заради културното наследство и архитектонската важност на градбите по Брегот на Дунав, Будимскиот дворец и Андрашевата авенија. Повеќе информации за градот ТУКА.
WizzAir почнува директни летови од Скопје до Будимпешта во Април, цените почнуваат од 599 денари по правец. Неделно има два лета во Среда и Недела, а најефтините летови се со цена од 599 денари по правец. Покрај тоа што со ова ни се приближува одлична дестинација, WizzAir од седиштето во Будимпешта нуди пристап до повеќе дестинации во Европа кои ги нема директно од Скопје. Претходно ви предлагавме ефтин хотел во Тенерифе на Канарските острови ТУКА, па може да размислите и за оваа егзотична дестинација. Ние за вас ви ги претставуваме најефтините повратни летови во Април и Мај, а вас ви останува само да изберете кој датуми најмногу ви одговараат (цените со WizzClub кој се исплаќа уште при првото патување за двајца). Можеби сте забележале дека софтверот на Wizz Ari ги зголемува цените колку повеќе пребарувате, затоа можеби е најдобро да ја искористите нашата табела и да резервирате директно.
Цена од Скопје | Датум | Цена од Будимпешта |
---|---|---|
719 ден. | 02/04/2017 | 599 |
1019 | 05/04 | 599 |
599 | 09/04 | 1169 |
599 | 12/04 | 1869 |
599 | 16/04 | 2469 |
719 | 19/04 | 1519 |
869 | 23/04 | 1519 |
599 | 26/04 | 869 |
599 | 30/04 | 3069 |
599 | 03/05/2017 | 869 |
599 | 07/05 | 869 |
599 | 10/05 | 719 |
599 | 14/05 | 1019 |
599 | 17/05 | 869 |
599 | 21/05 | 719 |
869 | 24/05 | 1869 |
599 | 28/05 | 869 |
599 | 31/05 | 1869 |
599 | 04/06/2017 | 719 |
Од табелата најефтина повратна карта од Скопје до Будимпешта е 1318 денари, на датумите од 07/05 до 12/05 и 31/05 до 04/06.
За превоз од аеродромот до центарот на градот достапен е јавен превоз автобуски и метро. За метрото до аеродром води линијата М3, повеќе информации ТУКА.
Побрзајте додека не се потрошиле и споделете ги со нас вашите импресии.