Идеално.Мк

Улици во најубава боја низ целиот светот

Што би бил животот без боја, денешното сивило ќе ви го надополниме со најживописните улици низ целиот свет. Овие улици не се само разнобојни, туку се и пример како луѓето се во можност да го трансформираат секојдневното уметност и во нешто посебно.

 

Улицата Темплман во Чиле

 

Нобеловецот, поетот Пабло Неруда има дом во Валпаризо. Градот често рефериран како Валпо е исто познат по сеприсутната улична уметност. Убавиот избојан ридест дел од градот е заштитен од УНЕСКО како место на Светско Наследство во 2003 година. Областите како Керо Поланцо, Керо Карцел и конечно улицата Темплман во Керо Алегре (Templeman Street in Valparaíso, Chile) се истакнуваат со прекрасните мурали и графити нацртани на ѕидовите од куќите и оградите.

најубави графити на улици во Валпаризо

поглед на улици во Валпаризо

 

Кале 28 де Хулио во Баранко, Перу

 

Иницијативата „Улиците зборуваат“ се одвива од 2015 година, каде што се канат уличните уметници со графити да ги обојат предвидените ѕидови во Баранко областа во Лима. Кале 28 де Хулио (Calle 28 de Julio in Barranco, Peru) е светло обоена со мурали кои ја будат вашата имагинација. Со застапените различни теми, практично шетањето го прават како патување во друг свет.

улица во Баранко, Перу

 

Сините улици во Шафшан, Мароко

 

Постојат повеќе теории зошто повеќето улици во овој Марокански град се избојани во варијанти на сино. Но точната причина е тоа што овој град во 1492 година станал дом на голема популација на еврејски бегалци од Шпанија, кои ја донеле традицијата да на боење на куќите и тоа во сино. Целта била едноставна, бојата го симболизира неботи и оваа боја требало да ги потсеќа на Бог. За 500 години градот ја одржувал оваа традиција, па тука ја доживуваме историската важност на ова наследство.

сините улици и куќи во Мароко

 

Мухеленштрасе на источната страна во Берлин

 

Галерија на улична уметност на источната страна од историскиот на познатата Мухеленштрасе. Отворена 24 часа, ова е најдолгата бесплатна галерија во Европа која е дел од најдолгиот остаток од Берлинскиот ѕид. Уште во деведесетите години од минатиот век бројни уметници, вклучувајќи ги Тиери Ниор и Џим Авињон (кој е еден од уметниците во Баранко областа во Перу), оставија белег на важниот историски момемент за Германија, туркањето на Берлинскиот ѕид симболизирајќи ја слободата. Низ годините графитите на ѕидот подлежеле на рестравации, но сеуште остануваат едни од најфотографираните атракции во Берлин.

Источен Берлин галерија Берлински Ѕид

 

 

Аголот на Карер де Монтмани и Карер де Бруникер во Барселона, Шпанија

 

Уличниот уметник Акс Колорс (Axe Colours) црта портрети во целосен спектар низ цела Барселона. Почнуваќи од неговите инспиративни уметници како Дали и Фрида Кало до телевизиски ликови. Портретите на Акс Колорс се оддавање почит на важни современи ликови, вистински или измислени. На аголот на наведените улици (Corner of Carrer de Montmany and Carrer de Bruniquer in Barcelona, Spain) ќе го најдете фантастичниот портрет на Денерис Таргеријан од мега популарната серија Игра на Тронови, која се прикажува на ХБО каналот.

Данерис Таргериан, Игра на тронови