Идеално.Мк

Идеално патување за кое сонувате

Сите сакаме да патуваме и веројатно секој од нас има омилена дестинација или место за кое секогаш сонувал да го посети. Нашиот портал, Идеално патување, ви нуди предлози за како најефтино да си поминете најубаво на различни егзотични и други посакувани дестинации.
Идеално патување - NewYork view
Најдете предлози за вашето идеално патување, дестинации, трикови и скриени места кои ги посетуваат само специјалните постетители, ефтини резервации за хотели и авионски билети. Идеално место да го започнете вашето патување.
Ние не сме туристичка агенција која посредува за патување, туку информативен портал каде што може да ги најдете наефтините понуди на пазарот за превоз и сместување, но и предлози за нови авантури. Дополнително може да не следите на нашата Facebook страна IdealnoMk.

Вашето Идеално патување

Секако дека сакаме да ги слушнеме и вашите предлози, критики, пофалби, но и желби за патување кој ќе ги споделиме со нашите пријатели. Може да ја искористите Контакт формата за да ни испратите било каков коментар, или директно на email адреса info@idealno.mk. Дополнително може да ни пишувате ако ве интересираат други информации за нашите предлози или ваши желби за патување. Најчесто нашите предлози ги опфаќаат најевтините понуди за атрактивните Европски центри како Париз, Будимпешта, Рим, Фиренца, Виена и други. Но немојте да се изненадите доколку во предлозите најдете прекуокеански дестинации во Австралија, Куба, САД.

Проверете ги цените пред да резервирате

Во однос на цените кои ги претставуваме тие се важечки во времето на објава, додека подоцна операторот може да ги промени и вие треба повторно да ги проверите, па не преземаме одговорност за евентуални промени. Промените на цените се карактеристичноза повеќето авионски превозници, но и за некои од хотелските оператори.

WizzAir Discount Club

WizzAir моментално е оператор со најмногу дестинации од Македонија, па затоа често ќе го сретнете во нашите понуди и предлози. Во нашите текстови најчесто цените ги претставуваме со попустот за членовите на WizzAir Discount Club.

За оние што не знаат што е, член на WizzAir Discount Club се станува со еднократно плаќање членарина за 1 година од 1999 денари или 29.99€ (за да ви ја даде членарината во евра треба да имате избрано почетна дестинација во земја каде што е еврото валута). Wizz Club важи за двајца патници, но еден мора да биде носителот на членството.

Наша препорака е при првото патување веднаш да го земите и членството, бидејќи обично се исплаќа со попустот уште при првото патување или цената е малку поголема. За повеќе информации посетете ја страната на WizzAir ТУКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *