Идеално.Мк

Евтина понуда на WizzAir до Париз и Будимпешта во Јуни

WizzAir во моментов на понуда има супер евтина понуда за атрактивните центри Париз и Будимпешта во Јуни.

Евтина понуда Париз

Париз град на љубовта, културата и светлината. Овој голем град ги повикува вљубениците на уметноста, културата, историјата и се останато. Покрај наромантичниот и најубавиот град во светот, Париз е и главен град на модата во светот. Видете ги импресивните споменици и вкусете ги гастрономските волшепства: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино… Париз е град со широки видици и интимни улици, средени паркови и тивки плоштади. Иако е голема метропола, во Париз можете да стигнете од една до друга знаменитост пешки.
Eiffel-Tower-Paris

WizzAir има два лета неделно, во Понеделник и Петок, од Скопје до Париз и во обратен правец. Како најевтина понуда до оваа француска метропола ви го препорачуваме датумите 9ти Јуни и враќање на 16ти Јуни со цена за повратен лет од 2068 денари. Доколку не ви одговараат овие датуми цените се слични за истиот месец, особено голем дел од летовите од Скопје до Париз во Петок чинат 600 денари.

Евтина понуда Будимпешта

Со уникатна атмосфера, светска музичка сцена како и одличен ноќен живот, Будимпешта е еден од омилените и најпосетени градови во Европа. Заради сценската архитектура уште е наречен и „Париз на Истокот“ и е член на УНЕСКО од 1987 година заради културното наследство и архитектонската важност на градбите по Брегот на Дунав, Будимскиот дворец и Андрашевата авенија. Повеќе информации за градот ТУКА.

Budapest bridge

Како што објавивме претходно WizzAir почна со директни летови од Скопје до Будимпешта и тоа два пати неделно во Среда и Недела. Цените сеуште се промотивни евтини, во Мај и Јуни лесно може да се најде повратен лет за 1200 денари (цената е со Wizz Discount Club), па оваа туристичка дестинација мора да ја посетите. Наша препорака за Мај и Јуни се следните два термини 28ми до 31 Мај 1200  денари (Wizz Discount Club) и 7ми до 11 Јуни со истата цена. Иако ги препорачуваме овие датуми и останатите се или по истата цена или по слична евтина, затоа не чекајте.

Цените ги претставуваме со Wizz Discount Club зошто за двајца обично се исплаќа да го платите членството од 30 евра уште при првото патување. Но и да одлучите да не го земате цените во тој период се најевтини. Продолжете да не следите за уште вакви понуди и на наштата Facebook страна Идеално.мк.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *